logo
logo
logo

ПИВО 100, СОК 35 евра?! Цените од Грција го фрапираа и ТРИПАДВАЈЗЕР, туристите се на апарати

Vecer | 06.06.2025

ПИВО 100, СОК 35 евра?! Цените од Грција го фрапираа и ТРИПАДВАЈЗЕР, туристите се на апарати

Tripadvisor објави предупредување на својата официјална страница: „Tripadvisor е известен за неодамнешните медиумски извештаи во врска со овој објект кои можеби не биле истакнати во прегледите. Им препорачуваме на корисниците да направат дополнително истражување пред да го посетат.“

Британските туристи ги повикуваат сите посетители на грчкиот остров Миконос да го избегнуваат барот „DK Oyster“, кој повторно е под јавен надзор поради вртоглаво зголемување на цените на пијалоците и наводна измама врз гостите.

Како што пишува британскиот „Дејли меил“, на прв поглед, ова место се рекламира со „исклучителна атмосфера, врвна услуга и прекрасен поглед на морето“, но критиките и искуствата на посетителите велат сосема спротивното.

На страницата на Tripadvisor се појавија бројни негативни критики, а некои гости тврдат дека морале да издвојат и до 100 евра за пиво. Еден Британец напишал дека побарал место на сонце и мени со пијалоци, но персоналот веднаш му понудил литар пиво за — 100 евра.

„Кога одбивме, веднаш се обидоа да ја намалат цената, но ние отидовме подалеку и на крајот плативме 7 евра за пиво во друг бар, каде што атмосферата беше многу попријатна“, рече тој.

Друг гостин рече дека таа и нејзините пријатели биле намамени од бесплатните лежалки, но откако нарачале пијалок (не го погледнале ценовникот) ги пречекала сметка од речиси 400 евра.

„Бевме шокирани кога откривме дека ни наплатија повеќе пијалоци отколку што нарачавме, вклучувајќи и едно што требаше да биде бесплатно. Дури и обична Кока-Кола чинеше 35 евра!“

По најавите, Tripadvisor реагираше со предупредување на официјалната веб-страница.

Менито објавено онлајн открива уште поневеројатни цени — чаша бело вино Шардоне чини 130 евра, Аперол 58 евра, чаша Пимс исто така 58 евра, додека Џек Даниелс чини 49 евра. Еден турист објавил сметка на која му биле наплатени дури 136 евра за две чаши аеросол.

Сопственикот на ресторанот, Димитриос Каламарас, минатата година тврдеше дека тоа е „искривена слика создадена од луѓе кои сакаат да јадат бесплатно и се претставуваат како влијателни личности“.

Потоа, министерот за туризам Василис Кикиљас ѝ наложи на Регионалната туристичка агенција на Кикладите да го провери работењето на ресторанот, при што беа откриени неколку даночни прекршоци. Сопствениците на крајот се изјаснија за виновни и платија казна од 31.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk