На главниот пат Чачак - Пожега во Овчарско-Кабларската клисура се случила необична сообраќајна несреќа кога возачот на автомобил „Шкода“ ја изгубил контролата врз возилото и се забил од патот во куќа на брегот на Западна Морава.
„Само Бог го спасил ада не падне во реката, тогаш не знаеме што ќе се случеше. Удрил во тремот од куќарката, па автомобилот останал да виси и за среќа не бил сериозно повреден“, изјавил еден од мештаните за РИНА.

Возачот на „Шкодата“ со белградски регистарски таблички бил пренесен во Општата болница во Чачак во свесна состојба со возило на брза помош.
Со чиста среќа, била избегната поголема трагедија, бидејќи во моментот кога возачот ја изгубил контролата и го влетал автомобилот во куќарката, во тој двор имало работници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата