Екстремни хулигани ги нападнаа студентите кои беа редари на протестот.
Недалеку од плоштадот Никола Пашиќ, група мажи облечени во фантомки претепале млад човек.
Тие го собориле момчето на под, го опколиле, а потоа го претепале со тупаници и клоци.
Претходно, хулиганите екстремисти ги нападнаа и студентите кои кампуваат во Пионирски парк.
До инцидентот во центарот на Белград дошло откако две групи меѓусебно се обвинувале кој е поголем кривец за ситуацијата и кој е поголем соработник на Вучиќ
Истите тие ектремисти и хулигани фрлаа и бакљи врз полицијата, но и меѓусебно се гаѓаа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата