Судот го прифати предлогот на одбраната за ослободување на Ацо Ѓукановиќ со кауција од пет милиони евра, изјави еден од неговите адвокати.
Одлуката ја донесе судијата на Основниот суд во Никшиќ, Сава Мушикиќ.
Еден од адвокатите на Ѓукановиќ изјави дека мерките за надзор се забрана за напуштање на станот и одземање на патната исправа. Ѓукановиќ ќе биде ослободен од притвор кога одлуката на судијата ќе стане правосилна.
Неговите адвокати оценија дека одредени мерки се несоодветни, имајќи ја предвид вредноста на кауцијата од над пет милиони евра и во врска со кривичното дело за кое се товари.
Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, беше уапсен по претрес на семејната куќа во населбата Растоци во Никшиќ на 28 февруари, по што беше приведен поради ризик од бегство.
„На предлог на Основното државно обвинителство во Никшиќ, А. Ѓ. е приведен поради основано сомнение дека сторил кривично дело недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материјали. Притворот е одреден поради опасност од бегство. Се сомнева дека А. Ѓ. бил во својата куќа во Никшиќ неовластено поседувајќи оружје и муниција“, соопшти тогаш Основното државно обвинителство во Никшиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата