logo
logo
logo

Србија гради регионално лидерство: КУПУВААТ СУПЕРКОМПЈУТЕР ЗА 42 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 02.02.2026

Србија гради регионално лидерство: КУПУВААТ СУПЕРКОМПЈУТЕР ЗА 42 МИЛИОНИ ЕВРА

Србија зема заем од Франција за развој на компјутер со високи перформанси – суперкомпјутер и вештачка интелигенција. Како што е наведено во Предлог-законот поврзан со тој проект, државата ќе се задолжи за 42,5 милиони евра.

Комисијата на српскиот парламент за финансии, републичкиот буџет и контрола на трошењето на јавните средства го одобри усвојувањето на законот за потврдување на договорот меѓу владите на Србија и Франција за заемот. Тој ќе биде повлечен во две транши од 25 и 17 милиони евра, ќе го врати Србија во текот на следните 7,5 години со годишна каматна стапка од 3,75%.

Финансискиот протокол меѓу владите на Србија и Франција за соработка во областа на финансирањето на проектот за развој на високо-перформансни компјутери и вештачка интелигенција беше изготвен во Белград на 27 ноември 2025 година.

Како што е наведено во овој документ, финансиската поддршка на Франција претставува максимум 85% од вкупната вредност на договорот за извоз за проектот.

Комерцијалниот договор беше склучен со францускиот добавувач Bull SAS.

Во образложението на Предлог-законот поврзан со заемот, пишува дека проектот е дел од Националната платформа за вештачка интелигенција, како и од стратешките цели дефинирани со Стратегијата за развој на вештачката интелигенција во Србија за периодот 2020-2025 и 2025–2030 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk