Грчките медими јавуваат за огромна семејна трагедија која се случила вчера, сабота попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија кога автомобил се судрил со камион, при што загинаа татко и неговиот син.
Несреќата се случила после 16 часот. Во автомобилот патувало четиричлено семејство, и под се уште неразјаснети околности се судрил со камион управуван од возач од Македонија.
44-годишниот возач на автомобилот починал на лице место, додека набрзо на повредите им подлегнал и неговиот 13 годишен син, додека 43-годишната сопруга и вториот 9-годишен син биле пренесени во болница.
Возачот на камионот не бил повреден во несреќата. Станува збор за 34-годишен маж со потекло од Македонија, без детали од која Македонија. Северна Македонија или регионот Македонија во Грција.
Според близок роднина на настраданите, семејството било во Солун, ис е враќале кон селото Пела каде што живееле. Кога сфатиле што се случува, сите биле во шок.
Полицијата извршила увид.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата