logo
logo
logo

НИЧИЈА НИЈЕ ДО ЗОРЕ ГОРЕЛА. И Мило Ѓукановиќ го чека судење!

Vecer | 27.02.2026

НИЧИЈА НИЈЕ ДО ЗОРЕ ГОРЕЛА. И Мило Ѓукановиќ го чека судење!

Полицијата во Црна Гора ја опколи зградата во центарот на Подгорица каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ, бизнисменот Ацо Ѓукановиќ.

Во истата зграда се наоѓа филијала на Прва банка, чиј сопственик е Ацо Ѓукановиќ.

Инспекторите вршат претрес на имотот на Ѓукановиќ, а повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на операцијата, објавува Вијести.

Да ве потсетиме дека поранешниот претседател и поранешен премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, беше испрашуван од Специјалното државно обвинителство како дел од истрагата покрената против него, бидејќи наводно не пријавил рачни часовници во вредност до 225.000 евра во Агенцијата за спречување на корупција (АКС).

На крајот на ноември 2025 година, Агенцијата за спречување на корупција откри дека Мило Ѓукановиќ наводно криел седум рачни часовници без да ги пријави во своите имотни евиденции во претходните години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk