logo
logo
logo

ЕДЕН ГЛАС 500 ЕВРА: Регистриран прв случај на поткуп на гласачи во Албанија

Vecer | 16.04.2025

ЕДЕН ГЛАС 500 ЕВРА: Регистриран прв случај на поткуп на гласачи во Албанија

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 11 мај, изборната кампања официјално почна на 11 април, а веќе е регистриран и првиот случај на поткуп на гласачи.

-Во Лушња уапсено е лицето М.Л. за кривично дело „Активна изборна корупција“, откако на лицето М.Т. му ветил 50.000 леки (500 евра) и му ја земал личната карта за фаворизирање на политички субјект на изборите, стои во полициското соопштение.

Обвинителството во Фиер денеска соопшти дека „по информации од Полицискиот комесаријат Лушња, во соработка со службите на правосудната полиција на овој комесаријат, како и во континуирана и ефикасна координација со Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал, Тирана, со примена на методи на проактивна истрага, успеале да го документираат случајот”.

-По извршување на првите истражни дејствија, правосудната полиција по насоки на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Фиер осомничениот е лишен од слобода. Судија на претходна постапка му одредени мерка притвор, додаваат од Обвинителството.

Медиумите наведуваат дека притворениот” работел” во интерес на опозициската Демократска партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk