Куќа на море од 90 квадрати во близина на Солун се продава по цена од 200.000 евра или 2.200 евра за метар квадратен, што е цена на стан во Скопје, кое не е на море а за тие пари се добива и свој паркинг простор.
Агенција, која се занимава со продажба на недвижности, рекламираше продажба на таква куќа на Халкидики, најпопуларниот дел од Грција меѓу нашите туристи.
- Се продава куѓа од 90 квадрати во најдобриот комплекс. Местото е Созопол и е првиот ред до морето! Куќата е на три нивоа и се состои од три спални соби, дневна со кујна и две бањи. Има две тераси од кои главната нуди фантастичен поглед на морето и се наоѓа на само 20 метри од морето.
Се наоѓа на одлична локација, во центарот на Созопол. Опкружен е со кафулиња, барови, барови на плажа, супермаркети, продавници и таверни, со неверојатно убави пејсажи и природа. Мезонетата се продава комплетно наместена со сите електрични апарати. Има и паркинг простор - стои во огласот.
Созопол е скапоцен камен на Солунскиот залив. Оваа идилична дестинација во Грција, која се наоѓа на само 50 километри од Солун, нуди спектакуларен спој на топли плажи, локална култура и природна убавина. Созопол е идеален за семејства кои бараат мирен одмор, но и за парови кои бараат романтично бегство.
Нејзината главна плажа, со златен песок и кристално чиста вода, е совршена за сончање, капење и незаборавни моменти покрај морето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата