Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја коментираше елиминацијата на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда во полуфиналето од АБА лигата од страна на Будуќност. Во драматична „мајсторка“ црногорскиот тим славеше со звукот на сирената благодарение на неверојатниот обид на МВП-то на првенството, Мекенли Рајт.
Вучиќ имаше интересен разговор со Небојша Родиќ, амбасадорот на Република Србија во Црна Гора каде изјави дека вложувањето во Црвена Звезда биле погрешно вложени пари.
„Ние во многу сфери немаме резултати. Тоа ви е и кога го анализирате спортот. Има ли Звезда поголем буџет од Будуќност? Има три пати поголем буџет од Будуќност во кошарка. Шест до седум пати има добиено повеќе пари од државата отколку Будуќност од Црна Гора. Загубивте момци, ние лошо ги вложивме тие пари“, изјави Вучиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата