logo
logo
logo

СРБИЈА ЕВАКУИРА БЕСПЛАТНО, а Германците за да избегаат плаќаат по 500 евра за летот

Vecer | 06.03.2026

СРБИЈА ЕВАКУИРА БЕСПЛАТНО, а Германците за да избегаат плаќаат по 500 евра за летот

Германската влада им наплаќа на своите граѓани 500 евра по лице за евакуација од Блискиот Исток

Во исто време, авионот на Ер Србија повторнои полета за Дубаи утрово, само еден во низата летови до градови кои постојано се нападнати од ирански балистички ракети и беспилотни летала.

Сите граѓани на Србија, но и на земјите од регионот како Македонија, Боцна и Црна Гора, се вратија во Белград бесплатно на трошок на државата, а со голема помош и координација на српските дипломатски мисии низ земјите од Заливот.

Авионот на Ер Србија тргна за Дубаи утрово, а капетанот Марко Тасиќ пред полетувањето рече:

- Наскоро тргнуваме за Дубаи. Целта на оваа акција е евакуација на нашите граѓани од Дубаи, и ми е драго што националната компанија секогаш стои покрај нашите граѓани - рече тој.

Инаку, враќањето во Белград се очекува во доцните вечерни часови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk