Додека ние се оградуваме од нашите иселеници, па дури не има даваме ни одржлива можност да гласаат на избори, Бугарија делува спротивно. И не само кон иселениците, туку создава проширување на својата национална база со прием на граѓани од странство кои не се иселеници, стрпливо работи секој од регионот кој има услови и намера да стане нивни граѓанин и - гласач на избори.
Во Србија преку барање за државјанство и пасош последниве години, околу 8.000 Срби станале и бугарски државјани, со бугарски пасош. Процените се дека севкупно има околу 12-15.000 Срби кои се нови сопственици на бугарските пасоши надвор од лицата кои претходно на попис се изјасниле како Бугари, со темпо од 1.000 до 1.200 нови барања годишно. Но, во Софија имаат намера бројот да се зголеми.
Бугарија ќе отвори конзуларни пунктови и ќе организира прием на барања за бугарски лични документи во Босилеград и Димитровград – општините во Србија каде живее најголемиот дел од бугарската заедница.

Со оваа одлука, жителите на Босилеград, Димитровград и околните места повеќе нема да мораат да патуваат до Ниш или Белград за да поднесуваат барања за бугарски пасоши и лични карти. За оние кои веќе имаат бугарско државјанство, административната постапка станува значително поедноставна.
Во последните години Софија систематски инвестира во зајакнување на врските со бугарската заедница во источна Србија преку образование, културни програми, инфраструктурни проекти и конзуларни услуги.
Според пописот од 2022 година, во Србија живеат околу 13.000 лица кои се изјасниле како Бугари, со најголема концентрација токму во Босилеград и во Димитровград.
Бугарското државјанство, а со тоа и бугарскиот пасош, носи и статус на граѓанин на Европската Унија, што овозможува слободно движење, работа и престој во сите земји-членки на ЕУ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата