logo
logo
logo

ШОКАНТНО ВИДЕО

Комшијата дошол да си поигра со лавот, па за малку ќе останел БЕЗ ГЛАВА! И сцената не е од Африка, од соседството е

Vecer | 28.04.2025

Комшијата дошол да си поигра со лавот, па за малку ќе останел БЕЗ ГЛАВА! И сцената не е од Африка, од соседството е

Невидена сцена, за која попрво би рекле дека се случила во Африка, е снимена во нашето соседство, односно во една албанска населба, каде што еден човек се покајал откако посакал да си игра со лавот на својот сосед.

Како што може да се види на видеото што кружи на социјалните мрежи, лавот, очигледно несвесен за својата сила, го зграпчил вратот на соседот посилно за време на играта.

Потоа човекот, обидувајќи се да се спаси од опасната ѕверка, се наведнува, а другите собрани загрижено гледаат што се случува и се плашат за животот на својот сосед. Сепак, сопственикот на ѕверката се појави како спасител, а она што се случи потоа ги остави сите без зборови.

Имено, сопственикот го плеснал лавот по главата обидувајќи се да го спаси својот сосед, и го казнил животното за „непристојно“ однесување, а потоа, како што изгледа, прилично збунетиот лав само се свртел и си заминал.

За среќа, соседот поминал без сериозни повреди и покрај каснувањето, а целата многу необична ситуација завршила без трагични последици.

Сепак, многумина на социјалните мрежи коментираат дека е чудо што една шлаканица успеа да го запре ова егзотично и потенцијално многу смртоносно животно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk