Заврши студентскиот протест на Славија во Белград и како што заврши, стигна пораката до сте присутни да се тргне низ цела држава, дека знаат што треба да прават бидејќи власта во Србија е нелегитимна и треба да биде соборена.

Дел од екстремните групи меѓу студентите со маски на лицата започнаа со напади врз полицијата преку физички напади, употреба на бакљи и петарди, палици, а се слушнаа и две експлозии, јавува Н1.

Големи полициски сили се распоредени во одбрана на Ќациленд каде се наоѓаат студентите кои сакаат да учат, бидејќи има официјални најави дека околу 700 блокадери се подготвени да ги напданта студентите кои мирно протестираат во Пионирски парк, на Андриќев венец.
Министерството за внатрешни работи објавува дека, според полициските проценки, на ненајавениот собир, кој се одржува во Славија, присутни се околу 36.000 учесници, што е сличен број учесници како што беа присутни на собирот на истите организатори на 22 декември минатата година, а три пати помалку отколку на 15 март.

Уште додека траеше протестот кај Славија, опозициски функционери изразија разочарување за малата масовност на денешниот протест, кој според нив - пукнал.
Државниот врв на Србија со денови предупредуваше дека насилство ќе се случи на протестите оваа сабота, посочувајќи ги учесниците и планерите на тие инциденти, како и нивните планови.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ постојано повикуваше на смирување на тензиите и најави дека насилството ќе биде спречено, но дека правната држава ќе функционира.
Порача дека победија студентите, а дека изгубија блокадерите.
Тој вечерва објави фотографија од претседателството на која се гледа дека игра шах, со која објави дека Шарената револуција пропадна во Србија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата