logo
logo
logo

Трговците со илегални интернет телевизии (IPTV) заработиле колку телевизиите, а еве колку милиони се тоа

Vecer | 18.10.2025

Трговците со илегални интернет телевизии (IPTV) заработиле колку телевизиите, а еве колку милиони се тоа

Хрватската полиција ја прошири истрагата во случајот со илегални интернет телевизии (IPTV) на уште 12 лица. Станува збор за луѓе кои поседувале компании за продажба на нелегален телевизиски и филмски содржина и сега се осомничени за злосторничко здружување, компјутерски измами и недозволена употреба на авторски дела.

Осомничените украдена содржина од кабелски телевизии на United Group ја продавале во своите пакети, со месечна наплата од 10 до 15 евра по корисник или 80 до 200 евра годишно. Истражителите утврдиле дека групата имала разраден систем: набавувале приемници, инсталирале мрежни апликации, наоѓале препродавници, одржувале сервери и управувале виртуелни видеотеки.

Дел од средствата ги задржувале за себе, а дел ги пренесувале на тројца водачи на групата, предводена од Дамир Јанеш. Според USKOK, групата заработила речиси шест милиони евра, а компанијата од Луксембург била оштетена за најмалку 1.916.000 евра. По распитот, сите осомничени се пуштени да се бранат од слобода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk