Министерот за јавни инвестиции на Србија Дарко Глишиќ беше гостин во утринската програма на Пинк телевизија кога одеднаш му се слоши. Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, министерот доживеал мозочен удар и е во тешка состојба.
Министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ не можеше да го заврши своето гостување, па програмата беше прекината.
Како што неофицијално дознава „Блиц“, Дарко Глишиќ бил однесен во болница, каде што пристигнал и претседателот Вучиќ. Глишиќ, патем, е еден од најлојалните луѓе на Вучиќ.
- Министерот Глишиќ е еден од највредните меѓу нас. Му се слоши за време на телевизиската емисија. Беше донесен во Ургентниот центар без свест, во сериозна состојба. Вклучен е и терапија, тоа е исклучително сериозна состојба. Ќе се направи сè што е можно. Таму се и неговите најблиски, а од првата минута е и претседателот. Ова сериозно нè потресе сите. Се надеваме дека мерките за терапија и третман ќе бидат успешни, но она што сега е факт е дека ситуацијата е тешка. На министерот Глишиќ му беше пружена помош на време, терапијата беше започната веќе по 20 минути, а сега се подготвува за интервенцијата - рече министерот за здравство Златибор Лончар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата