logo
logo
logo

ХАОС, ПОПЛАВИ И ПОРТОКАЛОВО НЕБО - „Ерминио“ ја парализираше Грција!

Vecer | 02.04.2026

ХАОС, ПОПЛАВИ И ПОРТОКАЛОВО НЕБО - „Ерминио“ ја парализираше Грција!

Грција се соочува со двоен природен удар, разорниот циклон „Ерминио“ и масивен бран сахарска прашина кои истовремено ја погодија земјата. Додека поројните дождови ги излеваат реките и создаваат хаос во сообраќајот, екстремната концентрација на прашина го блокираше животот на јужните острови, оставајќи ги граѓаните на Атина под висок степен на предупредување.

Училиштата се затворени, а сообраќајот на некои патишта е привремено прекин.

Метеоролозите предупредуваат на продолжување на лошото време, особено во Атика, Пелопонез, Крит и Додеканезите. Се очекуваат обилни дождови, грмотевици и силни ветрови. Транспортот на сахарска прашина ќе трае до петок, најмногу погодувајќи ги јужните делови од земјата. Температурите ќе се движат помеѓу 10 и 19 степени Целзиусови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk