logo
logo
logo

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Целиот регион во ЦРВЕНО

Vecer | 13.04.2026

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Целиот регион во ЦРВЕНО

Едноставна мапа на Европа, објавена на популарниот Инстаграм профил „Amazing Maps“, привлече огромно внимание со приказот на една од најштетните навики на денешницата – пушењето. Инфографикот, кој со бои од зелена до светло црвена го прикажува процентот на пушачи во европските земји, донесе загрижувачка слика, особено за жителите на Балканот.

Додека земјите од северот на Европа, како Исланд (9%) и Велика Британија (14%), се обоени во смирувачки зелени тонови, речиси целиот Балкански Полуостров е во црвено, сигнализирајќи стапки на пушење кои се меѓу највисоките на континентот. Податоците се преземени од Светската здравствена организација (СЗО) за 2022 година.

Според мапата, процентите во регионот се алармантни: Србија: 40%, Хрватска: 37%, Босна и Херцеговина: 36%, Црна Гора: 32%

Високи стапки се забележани и во Македонија, 39%.

Ваквиот приказ предизвика бројни реакции, а еден корисник со доза горчина коментира: „Може ли Балканците да бидат зелени на барем една мапа?“, додека многумина додадоа дека имаат впечаток дека реалните проценти се дури и повисоки.

Европската комисија веќе најави планови за ревизија на постојното законодавство за контрола на тутунот. Главна причина се новите производи, како е-цигарите и уредите со загреан тутун, кои стануваат сè попопуларни меѓу младите.

Иако стапката на пушење класични цигари во ЕУ падна од 28% во 2012 година на 24%, Комисијата е загрижена дека алтернативните производи би можеле да создадат нова генерација зависници од никотин. Крајната цел на Брисел е создавање на „генерација без чад до 2040 година“ преку построга регулација и сузбивање на прикриеното интернет огласување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk