logo
logo
logo

Уапсен поранешниот албански премиер

Vecer | 27.05.2025

Уапсен поранешниот албански премиер

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) денес објави дека поднело обвинение против поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата Илир Мета, како и против неговата поранешна сопруга Моника Криемади, за корупција, перење пари и прикривање на имот.

Адвокатот на Мета, Кујтим Чакрани, изјави за медиумите дека неговиот клиент бил информиран за сите три обвиненија, за кои рече дека се неосновани, истакнувајќи дека истрагата била завршена кога завршиле изборите, објави „Албански пост“.

Мета, кој е во притвор, прво комуницираше со новинарите од просториите пред зградата на Специјалното обвинителство СПАК, кога преку телефон му рече на својот адвокат дека едвај чека да оди на суд за, како што изјави, да им честита на обвинителите на СПАК за 83-те мандати што ѝ ги дадоа на Социјалистичката партија на Еди Рама, со Работната група против опозицијата.

Тој додаде дека нема да бара одложување на постапката.

„Едвај чекам да дојдам во првиот ред и да им честитам за 83-те мандати што им ги дадоа со нивната Работна група против опозицијата, но во исто време со нивната Работна група да не дејствуваат против изборните терористи Еди Рама, во замена за мандатот што го очекуваат од Еди Рама, кој ќе биде доживотен“, рече Мета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk