logo
logo
logo

Хрватите ги одраа туристите: РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ЗА ДОМАШНИТЕ И ЗА СТРАНСКИТЕ ГОСТИ

Vecer | 14.06.2025

Хрватите ги одраа туристите: РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ЗА ДОМАШНИТЕ И ЗА СТРАНСКИТЕ ГОСТИ

Секоја година, туристите кои ја избираат Хрватска за летен одмор брзо се каат, бидејќи цените секоја година стануваат сè повисоки! За да биде уште полошо, цените не се исти за домашните и странските гости?!

Имено, на една страница на „Инстаграм“ беше објавено видео каде што еден човек коментираше за високата цена на пивото во Кашјуни во Хрватска.

Дополнително, тој беше шокиран што имаше цени кои не беа исти за сите гости. Бидејќи, верувале или не, келнерот му рече дека нема попусти ниту за домашните гости.

После тоа, тој добро се снајде, пишуваат хрватските медиуми, и се пошегува во ресторанот.

- Еве ме во Кашјуни, нарачувам Хајнекен - 7,5 евра. Јас велам: „Пајдо, дали е исто за странците и за нас домашните?“, тој вели: „Сите исто.“ Ништо, тогаш ќе го направиме тоа на англиски: Еден Хајнекен, ве молам - напиша овој гостин.

Под објавата беа поставени разни коментари, а претежно пораките беа оставени од огорчени туристи. Меѓу нив беше и коментарот дека нема ништо подобро ниту во Сплит.

- Минерал 0,25 - 6 евра во Примоштен - гласеше еден од коментарите на социјалната мрежа.

Ова го поткрепуваат цените на кафето, кое чини од 5 до 6 евра, соковите околу 4 евра. Топка сладолед чини дури 3,5 евра, додека ако одлучите да се напиете коктел, бидете подготвени да платите до 15 евра!

Класичните пици, доволни за максимум две лица, чинат од 15 до 20 евра. Не се поевтини ниту лежалките, кои се поскапи од престојот во соба, па изнајмувањето оди од 35 до дури 1.300 евра, поскапо од Ибица!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk