logo
logo
logo

ВО ГРЦИЈА ПОЖАРИТЕ НЕ ЗАПИРААТ, државата загуби контрола над ситуацијата

Vecer | 09.08.2025

ВО ГРЦИЈА ПОЖАРИТЕ НЕ ЗАПИРААТ, државата загуби контрола над ситуацијата

Летово пожари се ширеа низ Европа, а и во регионот во кој Грција, Албанија и Косово имаа најтешки последици - со губење човечки животи. И покрај силната помош од Европската унија Грција се соочува со нови пожари, и веќе нема контрола над ситуацијата.

Големиот пожар што избувна во Кератеа и се прошири на Анависос и околните области сè уште гори, а силните ветрови го отежнуваат неговото гаснење.

Рано утрово започна употребата на воздушни средства за гаснење на пожарот, објави Катимерини.

Жителите добија нови известувања за евакуација во населбите Харвало, Агиос Николаос и Мавро Литарија, бидејќи пожарот се шири кон крајбрежните области.

Заменик-градоначалникот на Саронскиот Залив потврди дека пожарот е подметнат - во населбата Агиос Николаос е пронајден боца со гас, а сведоци пријавија сомнителни движења на лице на мотоцикл.

Се истражува и можноста пожарот да избувнал поради електричен столб. Вчера, противпожарните екипи спасија 124 лица, вклучувајќи 35 од домот за стари лица во Палаја Фокаја.

За жал, беше пронајдено и телото на 76-годишен маж, кој живеел сам.

Силни ветрови дуваат до 90 километри на час, што дополнително ја загрозува ситуацијата, според официјалните лица.

Бројни населби се евакуирани, а крајбрежната стража е подготвена да помогне во евакуациите по море.

Медицинските екипи се во состојба на готовност и ги преместуваат ранливите луѓе во побезбедни објекти.

Грција и другите медитерански земји се наоѓаат во област што научниците ја означиле како „жариште на шумски пожари“, каде што пожарите се честа појава во текот на топлите и суви лета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk