Ако мислевте дека цените на недвижностите во Србија го достигнаа својот врв - размислете повторно. Во 2023 година апсолутен рекордер по цена на метар квадратен бил стан во „Белград на вода“, каде квадратот достигнал неверојатни 11.475 евра за квадартен метар. Станува збор за луксузен имот од 143 метри квадратни, кој се сменил за околу 1,6 милиони евра.
Сепак, тоа не е се. Во оваа елитна белградска населба се наоѓа и најскапиот продаден стан минатата година. Огромен стан од 383 метри квадратни достигна цена од 2.601.888 евра - речиси како луксузна вила на јадранскиот брег.
Покрај „Белград на вода“, титулата ексклузивен регион се повеќе ја зема и „Нови Дорќол“. Во овој модерен комплекс квадрат чинел во просек 4.430 евра, а цените се движеле меѓу 3.778 и 4.645 евра, во зависност од положбата и бројот на катови.
Кога ќе се преселите од станбени на деловни квадрати - шокот допрва следи. Во Нови Пазар метар квадратен деловен простор достигна вртоглави 23.375 евра! Во Белград најскапиот деловен простор е продаден на Палилула: зградата од 7.551 квадратни метри се смени за 7,82 милиони евра.
И гаражите не заостануваат. Најскапото паркинг место е забележано во општина Стари град, каде сопственикот платил дури 63.000 евра за едно гаражно место - сума за која може да се купи цел стан во помалите градови во Србија.
Овие бројки јасно покажуваат дека луксузните недвижности во Белград, особено во новите станбени комплекси, се многу барани и достигнуваат цени кои до неодамна беа незамисливи на нашиот пазар. За да живеете на вода или во срцето на главниот град - треба да копате длабоко во вашиот џеб.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата