logo
logo
logo

"УШТЕ ЕДНО С***Е ОД САРАЕВО" – Се огласи Додик откако му беше одземен мандатот

Vecer | 06.08.2025

"УШТЕ ЕДНО С***Е ОД САРАЕВО" – Се огласи Додик откако му беше одземен мандатот

Милорад Додик се огласи на својот профил на социјалната мрежа „Икс“ откако денеска на седница на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК БиХ) му беше одземен мандатот.

– Уште едно с***е од Сараево. Последно, напиша Милорад Додик неколку минути откако официјално му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска.

Да потсетиме, на седницата на ЦИК БиХ, по, како што се наведува, срамната пресуда, на Милорад Додик му беше одземен мандатот претседател на Република Српска. Одлуката беше донесена едногласно.

Одбраната на Додик има право на жалба на оваа одлука до Апелационото одделение на Судот на БиХ, кое ги разгледува изборните жалби. По истекот на жалбениот рок, одлуката ќе стане правосилна.

До седницата на ЦИК со оваа точка на дневен ред дојде откако Додик, по срамната пресуда, беше осуден на една година затвор и доби шестгодишна забрана за вршење функцијата претседател на Република Српска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk