logo
logo
logo

ХОЛАНДИЈА ОДБИ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА ДОДИК: Ова е објаснувањето на владата до парламентот

Vecer | 10.05.2025

ХОЛАНДИЈА ОДБИ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ЗА ДОДИК: Ова е објаснувањето на владата до парламентот

Владата на Холандија денес одлучи да не воведува санкции против Милорад Додик, претседателот на Република Српска, а целосното објаснување до парламентот на таа земја во врска со оваа одлука беше објавено.

- Владата, во согласност со предлогот на членот Пири и другите, навистина се залагаше за санкции од ЕУ и разгледување на други опции во рамките на групата земји од Бенелукс на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ на 14 април, како што е дополнителното суспендирање на финансирањето на проектите на ЕУ наменети за Република Српска.

Во одредени случаи, кога постои закана за јавниот ред, можно е да се преземат национални мерки. Во овој случај, тоа не може да се оправда доволно добро.

Затоа разгледувањето на опциите преку ЕУ сè уште останува најдобра опција за Владата, исто така и поради ефикасноста на спроведувањето на мерките - се наведува во образложението, пишува „Независне“.

Парламентот побара да се воведат санкции против Додик, наведувајќи ги неговите постапки во врска со уривањето на уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Санкциите на ниво на ЕУ не беа воведени поради противењето на Унгарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk