logo
logo
logo

Црногорците доследни на себе - КОЈ ДА БАРА ПОМАЛО РАБОТНО ВРЕМЕ АКО НЕ ТИЕ

Vecer | 24.05.2025

Црногорците доследни на себе - КОЈ ДА БАРА ПОМАЛО РАБОТНО ВРЕМЕ АКО НЕ ТИЕ

Црна Гора е блиску до воведување седумчасовен работен ден.

Премиерот Милојко Спајиќ соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“.

Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите. Со нив ќе ја дефинира конечната верзија на реформата.

„Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на трудот, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, но и поефикасна и попродуктивна работа. Токму на начинот на кој беа имплементирани програмите „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“ – со согласност и со работодавачите и со синдикатите – конкретни чекори, во случај на реформа на работното време од седум часа, ќе се преземат исклучиво со целосна поддршка од социјалните партнери“, изјави Спајиќ.

Со ова сакаат да се зајакне позицијата на работниците во Црна Гора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk