logo
logo
logo

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - за еден прекршок се оди директно во затвор!

Vecer | 04.06.2025

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - за еден прекршок се оди директно во затвор!

Грција наскоро ќе воведе построг закон за сообраќај, со кој ќе се воведат повисоки казни за возење под дејство на алкохол и непрописно паркирање, со цел да се зголеми безбедноста и да се намали бројот на несреќи.

Законот е презентиран во парламентот и се очекува наскоро да стапи на сила, соопшти денес Националната асоцијација на туристички агенции на Србија.

„Им препорачуваме на сите патници навреме да се информираат за новите прописи и да ги почитуваат сообраќајните закони за време на престојот во Грција. Казните се сериозни и се применуваат веднаш“, соопшти YUTA во објава на својот Инстаграм профил.

За возење под дејство на алкохол од 0,80 промили, предвидена е глоба од 150 евра и забрана за возење од 20 дена, до 1,10 промили, глоба од 700 евра и забрана за возење од 90 дена, додека за возење со повеќе од 1,10 промили, глобата ќе биде 1.200 евра и подразбира одземање на дозволата за возење во траење од 180 дена, можност за затворска казна од најмалку два месеци и одземање на регистарски таблички и возила.

Повторени прекршоци во рок од една година може да доведат до парична казна од 2.000 евра и забрана за возење до две години, додека трет прекршок во рок од пет години може да резултира со парична казна од 2.000 евра и одземање на возачката дозвола во траење од седум години.

За блокирање на шини - се оди во затвор

Кога станува збор за забрането паркирање, блокирањето на пругите се казнува со затворска казна од една до пет години, за паркирање на тротоар, кружен тек или во пешачки зони, казните се до 350 евра и 70-дневна забрана за возење.

Во Атина, казната за паркирање на шини е 150 евра и забрана за возење од 60 дена.

Други правила се однесуваат на задолжително носење кациги за мотоцикли, велосипеди и скутери, казни за користење мобилен телефон при возење, строга контрола на сообраќајот на црвено светло.

Ограничувањето на брзината во близина на училиштата е 20 километри на час, за мали улици 30 километри на час, во градот 50 километри на час, додека на автопатот ограничувањето е 140 километри на час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk