logo
logo
logo

Грција ОПАСНО СЕ ВООРУЖУВА

Vecer | 16.11.2025

Грција ОПАСНО СЕ ВООРУЖУВА

Грција е во преговори со Израел за купување напредни ракетни системи што ќе се користат за планираната купола за воздушна одбрана, објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца функционери запознаени со планот.

„Сакаме да купиме 36 артилериски системи PULS и противвоздушни системи за „Ахилов штит“. Преговорите со Израел ќе се интензивираат следниот месец“, рече еден од функционерите, додавајќи дека грчките компании ќе обезбедат околу 25 проценти од проектот.

Според него, цената на 36 ракетни артилериски системи PULS, произведени од израелската компанија Elbit, се проценува на 650 милиони евра.

Како што рече, системите ќе се користат за заштита на источните граници на Грција со Турција.

Друг грчки функционер потврди дека преговорите се во тек.

„Грција изрази интерес за купување противвоздушни и модерни артилериски системи од Израел во 2024 година, но израелските воени операции во Газа ги одложија разговорите“, рече друг функционер.

Атина претходно објави дека ќе потроши околу 28 милијарди евра за модернизација на своите вооружени сили до 2036 година, потсетува Ројтерс, додавајќи дека околу три милијарди евра ќе бидат искористени за воспоставување повеќеслоен систем за заштита од воздушни напади и беспилотни летала, наречен „Ахилов штит“.

Според извештаите, Атина планира да купи и нови борбени авиони „стелт“, фрегати и подморници од САД и Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk