logo
logo
logo

Србија гради масовно и брзо за да биде подготвена за ЕКСПО 2027, НАЈГОЛЕМ БИЗНИС САМИТ ВО РЕГИОНОТ

Vecer | 09.12.2025

Србија гради масовно и брзо за да биде подготвена за ЕКСПО 2027, НАЈГОЛЕМ БИЗНИС САМИТ ВО РЕГИОНОТ

На местото каде што ќе се одржи Меѓународниот специјализиран саем EXPO 2027 во 2027 година, се работи со полна пареа а на градилиштето се постојано пистутни околу 3.700 работници. ЕКСПО е најголема инвестиција на Србија и оттаму се очекува најголем приход од било кој стопански усбјект од државата,

Каде и да погледнете, машините и работниците се движат, бидејќи истовремено се градат неколку големи единици: Националниот стадион, станбениот комплекс „Expo Village“, изложбените павилјони, хотелот, а особено националниот павилјон на Србија, заедно со многу потребни придружни објекти.

Првите станови во комплексот наскоро ќе бидат завршени. EXPO Village има 11 згради на 160.000 бруто квадратни метри со 1.500 сместувачки единици, градинки, амбулатни, саемски дворани, трговски и бизнис единици, како и државен фудбалски стадион со околу 55.000 места.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и министерот за финансии, Синиша Мали, неодамна го посетија градилиштето во Сурчин за да видат како напредуваат работите на местото каде што ќе се одржи големата меѓународна изложба.

Најголемото градилиште во овој дел од Европа, кое се простира на над 110 хектари и гордост на Србија - EXPO, полека станува град во град, што верувам дека ќе го завршиме до септември. Веќе можете да ги видите контурите на седум EXPO сали и тоа дава сосема поинаква слика за овој дел од градилиштето“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Синиша Мали објави на Инстаграм откако го посети ова градилиште.

Дури и не ги бројам патите што ги посетивме работниците, проверивме како напредуваат работите, како работат и градат на најголемото градилиште во овој дел од Европа“, објави Мали на таа социјална мрежа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk