logo
logo
logo

БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ВЕЌЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПАТНИЦИТЕ

Vecer | 29.07.2025

БУГАРИЈА ВО ШЕНГЕН ВЕЌЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПАТНИЦИТЕ

Крајот на одморот за туристи од Србија се претворил во кошмар, кога на излез од Грција, на Г.П. Евзони, при контрола на пасошите, едно од лицата добило казна од 1.200 евра, само затоа што немал печат во пасошот за влез во ЕУ кога влегле преку бугарска граница.

„Ви ја испраќам оваа информација во врска со непријатна случка која ни се случи при излез од Грција на Евзони. Имено, на 21.07.2025 година, преку Бугарија отидовме во Грција. Излеговме од Србија на граничниот премин Градина, а влеговме на граничниот премина Калотина. На 2 од 6 пасоша не е удрен печат од страна на Бугарите дека сме влегле во Бугарија (ЕУ). Денес, кога ќе враќавме за Србија, на Евзони не издвои гранична полиција и ни кажа дека два пасоши немаат печат, ниту дека во систем има податок дека тие лица влегле во Бугарија (ЕУ).Се обидовме да им објасниме дека сите заедно патуваме, затоа што едниот пасош е на малолетно дете и дека вината е на бугарскиот граничар, , меѓутоа не наидовме на разбирање, За едното полнолетно лице, сметаат дека илегално влегло во Грција и напишаа казна од 1.200 евра. Ако не ја плати ќе добие забрана за влез во рок од 4 години, се вели во сведоштвото во групата Грција Инфо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk