logo
logo
logo

АПЛАУЗИ ВО БУГАРИЈА ЗА БРИШЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Vecer | 03.07.2025

АПЛАУЗИ ВО БУГАРИЈА ЗА БРИШЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Контроверзниот бугарски европратеник Андреј Ковачев е задоволен што во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија ќе ги нема термините македонски јазик и идентет. Ваква инфромација денеска објави и бугарската агенција БГНЕС.

Ковачев вели дека овие термини ќе бидат повлечени по барање на пратениците од ЕПП, Зелените и Социјалистите.

„На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент - ЕНП, С&Д (социјалистите) и Обновувањето (либералите), синоќа се согласија да ги исфрлат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека следната недела на пленарна седница овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП.

Темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ. Ваквите теми водат само кон разединетост и ја отвораат Пандорината кутија. Ова во овој конкретен случај се потврдува со постојаните појавувања на владетелите во Скопје, а особено на премиерот Мицкоски со неговите манипулации со „вековниот идентитет и јазик“.

Неприкриената цел на властите во Скопјe беше, во пресрет на локалните избори, да покажат некаков неверојатен триумф над „источниот сосед“ и со тоа да објаснат зошто би направиле некои козметички измени во својот устав и делумно би ги вклучиле Бугарите во него.

И покрај невидениот притисок и лобирање, таков преседан не треба да стане дел од извештаите на Европскиот парламент или на која било друга европска институција.

Наместо тоа, РСМ треба да го почитува потпишаниот договор со Бугарија и да ја деблокира работата на историската комисија.

Тоа е местото каде што треба да се дискутираат темите од нашата заедничка историја, како што е напишано во договорот.

Им благодарам на сите мои колеги од сите групи во ЕП, особено на бугарските, за единствениот став по оваа тема!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk