logo
logo
logo

СВЕШТЕНИК ОБВИНЕТ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА Бил активен на социјалните мрежи, а црквата ја претворил во скривалиште!

Vecer | 11.11.2025

СВЕШТЕНИК ОБВИНЕТ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА Бил активен на социјалните мрежи, а црквата ја претворил во скривалиште!

Отец Партениј (58), познат на интернет по своите верски видеа, е обвинет дека ја злоупотребувал својата религиозна положба како параван за криминални активности.

Според документите од истрагата, пренесени од грчките медиуми, свештеникот делувал како клучен соработник на водачката на една банда, која била жена.

Заедно со него учествувале уште двајца свештеници.

Тројцата свештеници, според полициските наводи, транспортирале, складирале и дистрибуирале кокаин и сурова марихуана, а дури ги користеле и просториите на црквите за криење на наркотиците.

Членовите на бандата го користеле својот „верски статус“ и углед за да се „кријат на очиглед“, така што никој не се сомневал во нив, додека ја дистрибуирале дрогата на корисници и препродавачи во различни делови од земјата.

Истрагата открила дека истата мрежа ги користела истите рути и за превоз на нелегални мигранти, под постојан надзор на водачката на бандата и нејзиниот блиски соработник.

На пример, на 13 септември 2025 година, свештеникот Д.М. бил уапсен во областа Родопи додека превезувал шест странци без документи, додека во близина се движеле возилата на другите двајца свештеници, кои служеле како извидници и заштита на конвојот.

Минатата недела, полицајци на островот Родос го затекнале членот на мрежата во моментот кога му предавал 2,1 килограм кокаин на друг соработник.

Истата вечер, водачката на бандата била уапсена во Атина, а кај неа била пронајдена одредена количина марихуана.

Според полициските белешки, најмалку три месеци пред апсењето, осомничените набавувале, разредувале и препакувале големи количини наркотични супстанци, чии цени достигнувале 35.000 евра за килограм кокаин и 2.500 евра за килограм марихуана.

Попот и неговите соработници користеле кодни имиња за „стоката“ – марихуаната во нивните разговори ја нарекувале „фануропита“ (вид колач посветен на светиот Фануриј), а за комуникација користеле стари мобилни телефони без пристап до интернет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk