Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за јануари годинава изнесува 1.564 евра, што е номинално зголемување од 1,1 отсто во однос на претходниот месец и зголемување од 11 отсто во однос на јануари 2024 година.
Медијалната нето плата за јануари годинава изнесува 1.350 евра, што значи дека половина од вработените Загребчани имале помалку и половина повеќе од таа сума.
Според податоците на Градската управа за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање, највисоката просечна месечна нето плата кај правните лица за јануари е исплатена во секторот вадење сурова нафта и природен гас и изнесува 2.339 евра.
Најниска плата е исплатена во производство на кожа и сродни производи и други лични услужни дејности, во износ од 943 евра.
Споредено со просечната месечна плата за јануари на хрватско ниво, која изнесува 1.392 евра, просечната загрепска нето-плата исплатена за тој месец е за 172 евра повисока.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата