logo
logo
logo

Ако се уште сте без пари НА ЈАДРАНСКО МОРЕ СЕ ПЛАЌА ЧИСТАЧКА ДО 10 ЕВРА НА СААТ

Vecer | 20.08.2025

Ако се уште сте без пари НА ЈАДРАНСКО МОРЕ СЕ ПЛАЌА ЧИСТАЧКА ДО 10 ЕВРА НА СААТ

Иако летната сезона на Јадранот е при крај, побарувачката за сезонски работници – келнери, готвачи, собарки и чистачки – сè уште е голема.

Особено чистачките оваа година успеале добро да го наплатат својот труд, а нивната сатница значително пораснала.

Минатата година во Хрватска часот се плаќал околу 8-10 евра, додека сега најдобрите можат да добијат над 13 евра, а повеќето работат за 11–12 евра по час. Иако звучи привлечно, во оваа сума не се вклучени трошоците за превоз, кои секој работник ги плаќа од својата плата.

За чистење на стан од 80 квадратни метри, што трае околу три часа, се заработуваат 60–70 евра – нешто повеќе отколку пред две години.

Работниот ден обично почнува во 10 часот наутро, веднаш по заминувањето на гостите, а до 14–15 часот се подготвува просторот за нови туристи. Во зависност од големината на објектот, работат по неколку лица истовремено за да се стигне рокот.

Иако многумина мислат дека ова е лесен начин за заработка, искусните чистачки предупредуваат дека работата е физички тешка и често бара „мала генералка“ – рибање фуги, перење огромни стаклени ѕидови на сонце, чистење на базени, надворешни сауни и скари. Вилите за изнајмување често чинат по 500–600 евра за ноќ, па сопствениците бараат апсолутна совршеност.

Некои сопственици се разумни, но има и такви што поставуваат невозможни задачи – на пример, за пет часа да се испере и исуши целата постелнина од четири соби, да се исчисти базенот и целиот простор.

Работата со гости исто така носи предизвици. Дел од туристите оставаат сè беспрекорно, но има и такви кои оставаат хаос – од валкани купатила до оштетени апарати.

Оваа работа и понатаму е атрактивна и за странски сезонски работници, меѓу кои и Македонци, кои често заминуваат на Јадранот во потрага по добра летна заработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk