Едно дете наводно вчера за време на училишниот одмор пронашло огромна сума пари во кесичка чипс и на големиот одмор почнало да ги дели со другите деца. Неговата дарежливост ја забележале дежурните наставници и повикале полиција, пренесува Решетка.
Имено, во текот на вчерашниот ден попладне, ученик од одделенска настава на основното училиште „9.октобар“ во Прокупље пронашол, како што тврди, 120.000 динари во кеса чипс, која ја купил во продавницата спроти училиштето. За време на одморот детето почнало да им дели пари на другите деца, а тоа го забележале дежурните наставници и повикале полиција.
Кога го прашале од каде му се парите, тој рекол дека ги нашол во чипс и дека сака да ги подели со другите деца.
Како што потврдија од Полициската управа Прокупље, биле известени околу 14:50 часот, по што патролата излегла на терен.
„За овој настан го известивме Вишото јавно обвинителство Прокупље“, потврдија од ОЈО Прокупље.
Во Вишото обвинителство во Прокупље беше кажано дека во овој случај мора да се вклучи и Центарот за социјална работа, за да се открие од каде на мало дете, кое не одговара кривично, толку пари и дека, што се однесува до нив, нема кривично дело.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата