logo
logo
logo

Косовски пратеник на плоштад во Приштина истепа СЛУЧАЕН МИНУВАЧ ОТИ ГО НАРЕЧЕ ЛАЖГО (ВИДЕО)

Vecer | 26.10.2025

Косовски пратеник на плоштад во Приштина истепа СЛУЧАЕН МИНУВАЧ ОТИ ГО НАРЕЧЕ ЛАЖГО (ВИДЕО)

Инцидент меѓу пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Арменд Земај, и еден граѓанин од дијаспората денеска го привлече вниманието на косовската јавност. објави Скопје1.мк.

Настанот се случил додека Земај давал интервју на плоштадот, кога минувачот се доближил и го нарекол „лажго“. 

Пратеникот реагирал бурно и физички го нападнал човекот.

На видеото објавено од „Газета Блиц“ се гледа моментот кога Земај зборува пред камерите, додека граѓанинот во позадина довикува: „сите сте лажговци“ и „лажете“. Земај му возвратил со прашањето „кого лажеш“, по што, кога минувачот се приближил, го удрил.

По инцидентот, Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката.

Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а реакциите во јавноста не изостанаа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk