Секој што, било каде во Хрватска (освен во прецизно пропишани исклучоци како што се поморски имот, природни паркови и слично), градел нелегално до 21 јуни 2011 година, а не успеал да го легализира, сега добива нова шанса.
Вицепремиерот и министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ, подготви законски измени со кои се поништува рокот за поднесување барања за легализација, кој истече на 30 јуни 2018 година.
- Првото и најважно нешто што треба да се нагласи е дека нема нова легализација. Со овие законски измени, ќе се легализираат само зградите изградени пред 21 јуни 2011 година. Ниту еден што е изграден по тој датум без дозвола нема - нагласува Бачиќ, забележувајќи дека ова се однесува на објекти кои, дури и според претходните закони, не биле спорни како градби ан државен или јавен имот, туку со законот се опфаќаат само градбите на приватен имот.
Тешко е да се каже точно колку дивоградби има во Хрватска, но се проценува дека овој број е значителен.

Кога во 2011 година беше донесен Законот за постапување со бесправно изградени објекти, проценките беа околу 150.000, но Net.hr наведува дека биле поднесени речиси 800.000 барања за легализација, што укажува на поголем број од првичните проценки. На пример, во Истра, и покрај најавите за уривање, само мал број згради се срушени, според HRTurizam, а многу диви населби остануваат недопрени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата