logo
logo
logo

НЕВРЕМЕ ја погоди Грција: Во прекин сообраќајот на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија

Vecer | 28.04.2025

 НЕВРЕМЕ ја погоди Грција: Во прекин сообраќајот на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија

Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ.

Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија, каде што е излеан потокот Агиос Павлос.

На местото на настанот се испратени екипи кои треба да ја исцрпат водата и да ги санираат штетите.

Пристапот до Неа Ираклија е само преку селото Агиос Павлос.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk