logo
logo
logo

АЛБАНЦИ ЗАМИНУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА: Се повеќе жители на Косово бараат работни визи за во западните земји

Vecer | 09.02.2022

АЛБАНЦИ ЗАМИНУВААТ ВО ГЕРМАНИЈА: Се повеќе жители на Косово бараат работни визи за во западните земји

Во последните два месеца, во изминатиот декември и јануари оваа година, повеќе од пет илјади граѓани од Косово поднеле во амбасадата на Германија во Приштина барање за работна виза.

Имено, како што пренеле приштинските медиуми на албански јазик, голем број граѓани кои бараат подобар живот и поголеми плати поднеле барање за визи во други претставништва за западноевропски земји.

Инаку само во јануари од изминатата година за Германиски визи барање поднеле 56.639 граѓани, додека во амбасадата на Германија во Приштина, како што пренеле приштинските медиуми соопштиле, поради големата побарувачка за визи термини се доделуваат месечно по пат на жребување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk