За западњаците Ѓоковиќ е дивјак на кого треба да му се покаже што е демократија. Лопуни и силувачи ништо не треба ни да покажуваат ни да докаќуваат. Тие многу добро знаат помеѓу нивната демократија и фашизмот нема разлика... – пишува Рудан
“... Дали некогаш шефовите на Австралија се огласиле на таа тема? Принцот Ендру, наместо своите денови да ги поминува на робија во темница со оние слични на него, седи во дворецот и чека Австралија опен. Лудиот англиски премиер Џонсон неодамна со брлавење го средил својот лов кој му го подарил тамошниот тајку. Прашање над сите прашање гласи, дали Џонсон се однесува како “Балканците“, кога сме веќе нај лоши, или се однесуваме како Џонсон?
Мислите дека овие двајца немаат врска со Ѓоковиќ? Имаат, имаат. За западњаците Ѓоковиќ е дивјак на кого треба да му се покаже што е демократија. Силувачите ништо не треба ни да покажуваат ни да докажуваат, бидејќи знаат дека меѓу нивната демократија и фашизам нема разлика.
Ноле да си принц, силувач на девојчиња, премиер криминалец или премиер кој преку лешеви на спортисти се бори за нов мандат сите патишта би ти биле отворени, сите визи би ти биле валидни. Вака... Вака си само симбол за оние кои не се малубројни, кои не капираат дека светот се дели на “диви Балканци“ и “цивилизирани криминалци“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата