logo
logo
logo

ПО 29 ПАТ - НИШТО

Vecer | 09.06.2025

ПО 29 ПАТ - НИШТО

Конститутивната седница на Собранието на Косово денеска, 29 пат, беше прекината бидејќи предлогот за формирање комисија што би го надгледувала тајното гласање за избор на претседател на Парламентот не го доби потребниот број гласови.

Во салата беа присутни 102 пратеници, но само 53 од нив гласаа за формирање на изборната комисија.

Како и на претходните седници, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, коалицијата Алијанса за иднината на Косово – НИСМА и Српска листа не предложија имиња на членови на Комисијата.

Продолжување на седницата е закажано на 11 јуни во 11 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk