Новинарот од Косово, Милаим Зека, изнесе тврдење дека, според прислушуваните телефонски разговори, лица што ги поврзува со премиерот Албин Курти разговарале за можна организација на атентатот врз американскиот дипломат Ричард Гренел, објавуваат медиумите.
Во видео објавено на социјалната мрежа X, како што објавија медиумите, Зека предупредува дека, како што тврди, во тие разговори биле споменати планови за напад врз Гренел.
Според неговите изјави, прислушуваните разговори укажуваат дека лица разговарале за организирање атентати, иако деталите за автентичноста на снимките или евентуалните истраги не се јавно потврдени.
Патем, за време на мандатот на Доналд Трамп, Ричард Гренел беше специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, а подоцна и вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба на САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата