logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Инеса сакала да го фотографира пријателот, па паднала од карпа! СЕ Е СНИМЕНО

Vecer | 14.04.2024

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Инеса сакала да го фотографира пријателот, па паднала од карпа! СЕ Е СНИМЕНО

Девојка од Русија паднала од карпа и починала додека се обидувала да фотографира маж на платформа со поглед на Црното Море. Сега се појави и вознемирувачко видео од смртта.

Инеса Поленко (39) која работела како козметичар паднала од висина од 50 метри на плажата долу.

Претходно беше објавено дека Инеса починала додека правела селфи. Сепак, на видеото се гледа дека Инеса паднала додека го фотографирала мажот зад кој се простирал спектакуларен морски пејзаж, пренесува Дејли мејл.

На видеото се гледа како таа прави чекор назад и го губи рамнотежа, поради што паѓа преку работ. Немало никаква бариера да ја спаси.

Шокираниот маж, кој не е именуван, потрчал кон неа, но веќе било доцна.

Таа била пренесена во болница во Абхазија, каде се случила трагедијата.

Медиумите јавуваат дека лекарите се бореле за нејзиниот живот, но, за жал, таа починала на одделението за интензивна нега истиот ден.

Таа беше погребана во вторникот.

Поленко имаше повеќе од 9.000 следбеници на Инстаграм. Често објавуваше на социјалните мрежи од нејзините неодамнешни патувања низ светот - од Дубаи, Египет и Крим.

Истрагата за точните околности на смртта на 39-годишната козметичарка, која имала многу клиенти и во Москва и во руското одморалиште Сочи, каде што живеела, е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk