logo
logo
logo

И азискиот слон ги закопува своите угинати младенчиња

Vecer | 14.03.2024

И азискиот слон ги закопува своите угинати младенчиња

Авторот на истражувањата, Акашдип Рој, инаку истражувач од Индискиот институт за научно образование и истражување, појасни дека кога ги закопуваат своите новородени, слоновите го држат трупот со нозете или задниот дел од телото.

- Досега беше познато само за африканскиот слон - дека ги закопува своите мртви, но сега првпат ова однесување е забележано кај слоновите во Азија... Закопаните слончиња се пронајдени во области каде што има шуми и земјоделски површини како што се „Чајните градини“. Стада слонови ги користат тие патеки кај „Чајните градини“ во своето секојдневие. Во минатото, слоновите претежно престојувале во шумите, но последниве десетлетија тие сè почесто се присутни и во областите каде што има луѓе, изјави Рој.

Слонот, сепак, не ги закопува своите угинати во селата, поради големата веројатност да биде попречен од луѓето, така што каналите во „Чајните градини“, се чини се „совршено место“ за погребување, се наведува. Така, најлесниот начин за слонот е да го положи телото во ров и потоа да го покрие со кал т.е. земја.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk