Викендов на базенот Борис Трајковски ќе се одржи првото Национално првенство во Ватерполо по цели 20 години. Настанот ќе се одржи на 2 јуни, со почеток во 15:00 часот. Повеќе од 100 спортисти ќе се натпреваруваат во две категории – сениори и кадети, со по четири тима во секоја категорија.
Ова првенство претставува значаен чекор во оживувањето на ватерполото во Македонија и огромен напредок на клубовите во последните неколку години… Влезот е бесплатен и настанот е одлична можност за семејства, пријатели и љубители на ватерполото да дојдат и уживаат во овој голем спортски настан.
Придружете ни се во оживувањето на македонското ватерполо и помогнете ова првенство да биде почеток на големи успеси во овој спорт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата