Москва е завиена во црно, шок, тага и неверување откако синоќа руската престиолнина беше мета на еден од најсмртоносните напади во Русија.
Според руските извештаи, билансот на загинати се искачи на 143 лица, ранети се 140 лица од нив 16-мина се во животозагрозувачка состојба. Концертната сала Крокус на западниот дел од Москва денеска се наоѓа под силно полициско обезбедување, не е дозволен пристап во радиус од 300 метри. Истражен комитет соопшти дека некои од убиените во нападот починале од прострелни рани, додека други загинале во огромниот пожар што избувнал во комплексот. Руските новински агенции известуваат дека 28 тела биле пронајдени задушени во тоалет во обид да се спасат и 14 на скали.
Огранок на милитантната исламистичка група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, откако со години наназад жестоко ја критикуваше интервенцијата на Русија во војната во Сирија, на страната на Асад... Безбедносната служба ФСБ соопшти дека „сите четворица терористи“ биле уапсени додека се движеле кон украинската граница, а уапсени се уште седуммина кои им давале логистичка поддршка..
Меѓу време Руските медиуми објавија видео од испрашувањето на еден од приведените. Лицето се претставува како таксист и тврди дека добил инструкции преку Телеграм, а му биле ветени половина милион рубли или околу 5.000 евра.. во автомобилот што го возеле биле пронајдени таџикистански пасоши.
И покрај сомнежите на Москва, Украина веднаш отфрли била каква поврзаност со нападот, а истото го потврди и Вашинготн, кој уште не 8 март ги предупреидл руските власти за можен терористички чин во трговски центар..
Утрешниот ден е прогласен за ден на жалост во Русија. Осуда за терристичкиот напад врз руската престолнина стигна од ЕУ, НАТО, многу светски лидери, меѓу кои и македонскиот претседател Стево Пендаровски...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата