logo
logo
logo

Хулк Хоган спаси 17- годишна девојка од превртен автомобил (ФОТО)

Vecer | 16.01.2024

Хулк Хоган спаси 17- годишна девојка од превртен автомобил (ФОТО)

Пензионираниот професионален борач спасил тинејџерка која доживеала судар. Нејзиниот автомобил се превртел на покривот, а Хулк и неговиот пријател ја извлекле од автомобилот.

Со него во тоа време се возела и неговата сопруга Скај Дејли (45). "Синоќа ја оставивме вечерата во Тампа. Видовме автомобил како се превртува пред нас. Навистина им се восхитувам на мојот сопруг Хулк Хоган и на мојот добар пријател Џејк Раск што скокнаа во акција", објави Скај на Фејсбук.

Сопругата пишува дека тинејџерката била „неповредена, само навистина потресена, што било вистинско чудо“. Причината за несреќата се уште е под истрага, соопшти полицијата.

ТМЗ објави фотографии на кои се гледаат двајца мажи, Хоган и Џејк, како ја извлекуваат тинејџерката од автомобилот. Хоган потоа се огласи на Твитер и рече дека користел хемиско пенкало за да ги активира воздушните перничиња. „Фала му на Бога, сега сѐ е во ред“, додаде тој.

„Тоа е типично за Хулк, тој има големо срце. Тој им помага и ги третира луѓето со најголема почит“, рече претставникот на Хоган, Линда Бозе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk