logo
logo
logo

Покетино: Срамота? Тоа не е вистинскиот збор!

Vecer | 24.04.2024

Покетино: Срамота? Тоа не е вистинскиот збор!

Фудбалерите на Челзи доживеаја вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал. „Сините“ примија дури пет гола и го доживеаја најболниот пораз откако на клупата беше Маурисио Покетино. Сепак, тој не се согласува дека е срамота да се изгуби на овој начин.

„Срамoта? Не е фер на овој начин да се опишуваат нашите играчи. Не сакам да ја обвинувам екипата. Не можеме да ги обвиниме играчите кои дојдоа после бројни тешки околности и да се борат против тим кој се бори за титулата во Премиер-лига“, рече Покетино.

Тој ја „буцка“ и администрацијата дека мора да направи одредени промени.

“Ако сакаме да бидеме во подобра позиција следната сезона, тогаш треба да донесеме важни одлуки. Европа? Тешко е да се гледа иднината, разочарани сме по таков пораз. Ако се натпреваруваме како во саботата против Манчестер Сити, тогаш имаме со што да се гордееме, се надеваме дека ако играме како против Арсенал, не заслужуваме да се пласираме во Европа“, заклучи Покетино.

На Челзи сега му претстојат уште два тешки натпревари, против Астон Вила во Бирмингем, а потоа го пречекува Тотенхем во уште едно градско дерби.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk