logo
logo
logo

Баерн изгуби во Штутгарт, Вердер со реми на 2000. меч во Бундес

Vecer | 04.05.2024

Баерн изгуби во Штутгарт, Вердер со реми на 2000. меч во Бундес

Екипата на Штутгарт славеше победа над Баерн Минхен со 2:1 во 32. коло на Бундес лигата. Во дерби мечот третопласираниот го победи второпласираниот со голови на Стергиу и на Јонг Ву-Јонг во првото и второто полувреме.
„Швабите“ поведоа со голот на Стергиу во 29 минута на асистенција на Ундав. Но во 37 минута Валдемар направи прекршок за пенал, а Хари Кејн изедначи од белата точка.
Во 83 минута Јужнокореецот Јонг носи ново водство за Штутгарт, а во последните моменти Силас ги постави конечните 3:1.

Вердер против Борусија Менхенгладбах (2:2) го одигра јубилејниот 2000. натпревар во Бундес лигата. Вердер губеше, но го сврте резултатот со два гола на Волтемаде. А во 91 минута Нојхаус од пенал изедначи на 2:2.

Борусија Дортмунд одмораше дел од првотимците, а го победи Аугзбург со 5:1. Мукоко постигна два гола, Мален и Ројс по еден. Варгас беше стрелец за гостите.
Волфсбург го победи Дармштат со 3:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk