logo
logo
logo

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица масовно се празнува во Лешочкиот манастир

Vecer | 28.08.2022

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица масовно се празнува во Лешочкиот манастир

Православните верници од Тетовско и други места од државата вчера и денеска присусутвуваа на црковно-народниот собир во Лешок каде овие два дена се одбележува еден од најзначајните денови на Македонската православна црква Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица. Празнувањето во Лешочкиот манастирски комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица воедно претставува и централната прослава на празникот во тетовско-гостиварската епархија.

Одбележувањето на манастирската слава во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок започна со празнична Вечерна богослужба, а денеска со Утрената богослужба и Света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.

Беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а митрополитот г.Јосиф се обрати кон народот со пригодна беседа 

енес на Успение, ние не ја славиме смртта, туку заспивањето и вознесувањето, заминувањето на небото, воскреснувањето како со душата, така и со телото на Пресвета Богородица, која бдее над нашите души, чувајќи ги од злото и подготвувајќи ги за доброто и за вечниот живот. Празниците се определени од Светата Црква да се празнуваат, вели митрополитот г.Јосиф.

Празнувајќи го овој празник, подвлече тој, добра прилика е да се потсетиме за тоа како треба ние православните да ги праславуваме празниците.

-Еден празник достојно се прославува доколку го посетиме храмот Господов, доколку сме присуствувале на богослужението, доколку сме постеле, исповедале и како круна на сè, доколку сме се причестиле со Светите Христови тајни. Подготовките за овој значаен празник започнаа пред две недели, со почетокот на Богородичниот пост, а денес е централното чествување, порача владиката г. Јосиф.

Лешочкиот манастир е најмасовно посетен за овој празник, а Успение на Пресвета Богородица се одбележува и во црквите во Тетово, Брезно, Џепчиште и во месноста Ќелија во Теарце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk