Aмериканската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.
„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува Агелер.
Утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори. Ќе гласаат над 1.8 милиони избирачи.